Search
Search

Повторно во функција култната сала „Партизан“

Денеска во скопски Карпош повторно беше отворена спортската сала „Наум Наумовски – Борче“, позната меѓу граѓаните како сала „Партизан“. Лани во месец април започна нејзината демонтажа и реконструкција на внатрешноста и надворешноста според избраното идејно решение.

Премиерот Димитар Ковачевски кој присуствуваше на отворањето, им се заблагодарди, пред се на градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, но и на поранешниот градоначалник Стефан Богоев, кој ја започна идејата за реконструкција.

-Благодарност и до архитектите кои го осмислија современиот изглед на салата и на сите други кои се заслужни за денешниот модерен лик на оваа сала, која од денеска ќе биде на располагање на сите љубители на спортот во Карпош и пошироко, рече Ковачевски.

Салата е изградена во 1969 година, како донација на француската влада за обнова на Скопје после катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

За реновирањето беа издвоени над 1,1 милиони евра буџетски средства преку Агенцијата за млади и спорт.

АКТУЕЛНО