Search
Search

Саем на книга во Скопје

Вчера официјално започна Саемот на книга 2025 под слоганот „Храна за душа“ и ќе трае до 14 мај во Арена Борис Трајковски.

Организаторите известуваат дека оваа година од секоја купена книга ќе се одвојат 15 денари за донација за Детското село.

На саемот се најавени бројни гостувања на автори, работилници и музика. Скопски саем ја објавија целосната програма која сметаат дека ќе биде рај за секој љубител на пишаниот збор.

 

А, како едно од поголемите изненадувања е гостувањето на писателот Себастијан Фицек на 10 мај на штандот на Сакам книги каде ќе може секој посетител да добие негов потпис на книга и да се фотографира со него.

 

Саемот на книга ќе биде отворен од 10 часот наутро па се до 20:00 часот, а последниот ден, 14 мај, до 18:00 часот.

Влезниците можат да се купат пред самиот влез, за деца до 12 години кои одат со родител се бесплатни, за ученици се 50 денари, влезница за три посети 250 денари и редовната е 100 денари, а организаторите велат дека од редовните влезници 15 денари ќе бидат одвоени за Детското село.

Од ЈСП информираат дека се пуштени и автобуските линии „100“ и „200“ , едната ќе поаѓа од Ново Лисиче, а другата од Дексион.

Линија „100“  движи од Ново Лисиче до СЦ „Борис Трајковски“.

Од Ново Лисиче: 11 ч, 12.20 ч, 13.40 ч, 15 ч, 16.20 ч, 17.40 ч.
Од СЦ „Борис Трајковски“: 11.40 ч, 13 ч, 14.20 ч, 15.40 ч, 17 ч, 18.20 ч.

Линија „200“ од Дексион до СЦ „Борис Трајковски“

Од Дексион: 11.20 ч, 12.40 ч, 14 ч, 15.20 ч, 16.40 ч, 18 ч.
Од СЦ „Борис Трајковски“: 12 ч, 13.20 ч, 14.40 ч, 16 ч, 17.20 ч, 18.40 ч.

 

 

 

 

 

 

АКТУЕЛНО