Search
Search

Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот

Според податоците од „Ај-кју Ер“ Скопје утрово е на тринаесетото место во светот по загаденост на воздухот, со индекс од 157. Дури и на веб-страницата „WAQI“, фаворизираната страница на градоначалничката Данела Арсовска податоците за Скопје покажуваат високо ниво на загаденост.

На листата објавена од „Ај-кју Ер“, меѓу најзагадени градови се најдоа и Лахор, Делхи и Пном Пем.

Според податоците на„WAQI“ во околината на Ѓорче Петров, Лисиче и Гази Баба загаденоста на воздухот е на многу високо ниво.

Во услови на нечист воздух, се препорачува малите деца, бремените жени, хроничните болни и повозрасните луѓе да не излегуваат на отворено, граѓаните да не ги користат своите автомобили без поголема потреба и да го користат јавниот превоз. Се повикуваат сопствениците и корисниците на камионите да не ги користат ако немаат регулирано испуштање на отпадните гасови, а граѓаните при затоплување на своите домови, да не користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси.

АКТУЕЛНО