Со новиот закон за прекинување на бременоста, Филипче волјата на жената ја стави на прво место

Имплементирањето на здравствени политики за подобрување на здравјето на жените и девојките беше еден главните приоритети на неврохирургот Венко Филипче во извршувањето на неговата функција министер за здравство, од декември 2017 до јануари 2022 година. Во неговиот мандат, се донесе нов Закон за прекинување на бременоста, со што волјата на жената се стави на прво место.

За првпат, се воведе можноста за прекинување на бременоста до деветтaта гестациска недела со медикаментозен метод и во здравствена установа од примарна здравствена заштита. Со новиот закон, жените веќе не чекаат три дена по советувањето за да биде спроведена интервенцијата, ниту пак повеќе се принудени да објаснуваат зошто сакаат да ја прекинат бременоста. Како новина од овој Закон се укина и Првостепената комисија во болниците за одлучување за прекинување на бременоста меѓу 12 и 22 гестациска недела од бременоста.

„Жената е на прво место во општеството, го почитуваме нејзиното право и интегритет, самата да одлучи што ќе прави со сопственото тело, затоа што тоа е нејзино право. Наша задача е да обезбедиме услови тоа право жената да го добие. Со новиот закон за прекинување на бременоста ги укинавме сите административни бариери кои ја одложуваа постапката за прекин на бременоста“, истакна д-р Филипче при донесувањето на новиот закон.

На овој закон интензивно се работеше со невладините организации кои дадоа целосна поддршка на тогашниот министер Венко Филипче. Исто така, јавна поддршка дадоа и глумци, актери, водители.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави