Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Во текот на вчерашниот ден три лица пријавиле каснување од кучиња скитници на територијата на Скопје.

На 21.04.2024 во 11.15 часот во Полициската станица Центар, С.М.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Јужен булевар“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 21.04.2024 во 22.35 часот во Полициската станица Центар, Л.Ц.(78) од Скопје пријавила дека на ул.„Народен фронт“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 21.04.2024 во 23.30 часот во Полициската станица Карпош, Ш.А.(69) од Скопје пријавила дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави