(ФОТО + ВИДЕО) Туристите ја „воскреснаа“ Старата скопска чаршија

Дека е зголемен бројот на туристи во Македонија па и во градот Скопје, говори и фактот дека се повеќе се отвораат продавници за сувенири. Тие најмногу ги има во Старата скопска чаршија.  Градска редакција  реализираше разговор со Бурхан Али сопственик на продавница за сувенири во Старата скопска чаршија.

Тој ни раскажа дека ова продавница ја отвори пред 10 години и со оваа продавница која има се и сешто за различни вкусови, од филџани за кафиња, икони од градот, слики, бакарни предмети, чајници и многу други работи го одржува неговото семејство. Бурхан вели дека последно време се повеќе ги има туристите во нашиот град, а турист да доаѓа во Скопје а де не го посети чаршијата не е можно. Според него нормално е како секаде во светот туристите да носат со себе некој предмет кој ќе го потсети на  посетените места. На Турците се име скапо а на другите не.

„Летно време имаме  повеќе работа и  туристи, најмногу  ги имаме,, турци, полјаци, бугари и други. На турците секогаш им е по скапо а другите не се ценкаат купуваат. Цените се од едно евро па нагоре.  Последните две години имаше застој на туристи особено за време на короната  ама сега почна да доаѓаат, и се очекува ова година да има повеќе. Инаку задоволен сум  од ова работа„ вели за Градска редакција сопственик на продавница за сувенири во Старата скопска чаршија Бурхан Али.

Али вели дека  чаршијата може да биде и по средена и по автентична, не треба да се градат нови објекти и да се обновуваат продавниците и да им се смени првобитниот изглед. Ако се обноват барем да го зачуваат стариот изглед. Ако не е старо нема ни да беше чаршија која ќе го посетат сите.

Инаку во Старата скопска чаршија, ги има околу десетина продавници кои нудат сувенири, вакви продавници може да се наоѓаат и во трговски центри и центарот на градот.

Н.Ш

 

АКТУЕЛНО