Водици – симбол на мирот и повторното раѓање

Празникот Водици е еден од најголемите христијански празници.

На овој ден е крстен Исус, од свети Јован Крстител. Се смета дека Исус Христос бил крстен во светите води на Јордан кога имал 30 години. На местото каде што реката Јордан истекува во Галилејското море се наоѓа местото на крштевањето – Јорденит. Аџии, поклоници и туристи од целиот свет се собираат на ова место и облечени во бели долги кошули влегуваат во Јордан и се крштеваат.

Крштевањето е симбол и на повторно раѓање, односно почеток на верата. 

Она што е карактеристично е што на овој ден се фрла крстот, во водите кои се осветуваат од поповите и свештениците. Се смета дека оној кој ќе го фати крстот не само што ќе биде најсреќен во текот на годината, туку и дека тој ќе мине низ повторното раѓање, ќе биде благословен.

Седумнаесетгодишниот Ѓорѓи Николовски го фати осветениот крст во водите во реката Вардар во Скопје.

Никола Јакимоски од Охрид беше највешт меѓу неколкуте стотини верници и успеа да го извади Чесниот крст од осветените води на Охридското Езеро.

Александар Најдоски од Битола го фати крстот во Радика на денешниот празник Богојавление кој беше организиран од Бигорскиот манастир.

 

Поврзани објави