Search
Search
Фото/ Градска редакција

Советниците на Град Скопје прифатија покачување на платите во градската администрација

Советниците на Град Скопје едногласно го прифатија амандманот на СДСМ за покачување на платите на вработените во градот.

Советниците на СДСМ предложеа амандман со кој се предвидува во предлог ребалансот на буџетот на Град Скопје 12 милиони денари за покачување на платите на вработените на градската администрација, преведено за околу 5000 денари покачување на секој вработен.

Фото/ Градска редакција

„Овие средства што ги предвидуваме за покачување на платите се на страната на општ Колективен договор. Тоа што го предвидува овој колективен договор и како што се договориа синдикатите ќе биде дополнително покачување на платите„ рече советникот на Град Скопје од редовите на СДСМ Гордан Шутаров.

Денес, седница на советниците на Град Скопје кои треба да расправаат за 25 точки, една од нив е и дополнетиот предлог за буџетот на Град Скопје за 2023.

Во почетокот на расправат за првите две точки за кои се одлучи да се направи заедничка расправа,  Предлог измените и дополнувањата на буџетот за 2023 и Предлог планот за развој на Град Скопје 2023-2025 година

Н.Ш

АКТУЕЛНО