Анкета на Градска: Граѓаните со шишиња во рака, повеќето јавни чешми во Скопје не работат

Се знае дека летните денови во Скопје знаат да бидат жешки и неподносливи, на некои места понекогаш дури и над 40 целзиусови степени. Состојбата е уште полоша во строгиот центар на градот, чаршијата и некои други делови на градот каде доминира бетонизацијата, а зеленилото е по ретко.

За граѓаните и туристите кои го посетуваат градот дополнителен проблем е немањето доволно јавни чешми за да напијат капка вода и да се освежат.

Градска редакција реализираше анкета во главниот град и ги праша дали знаат каде може да има поставено јавни чешми во околината на „Плоштад Македонија„?

Одговорите беа идентични, не знаат каде има чешми и според нив најдобро решение е да се понесе со себе шише со вода од дома. Според нив порано имаше повеќе чешми поставени низ градот, но сега не.

Градска редакција низ прошетката на некои фреквентни места низ градот забележа дека на неколку места има поставено јавни чешми, но не се функционални и низ нив не тече ни капка вода.

Фото/ Градска редакција: Јавна чешма во плоштадот „Пресвета Богородица“ тече но кој од неа би се нафатил да пие вода? Запоставена, наталожено со лисја и ѓубре, ‘рѓосена и завиткана со хлор, никнало и диви растенија.
Фото/Градска редакција: Друга  јавна чешма во полоштадот „Пресвета Богородица„ целосно нефункционална, запоставена, наталожени се лисја и ѓубре, ‘рѓосана е и завиткана со хлор.
Фото/ Градска редакција: Јавна чешма на кеј на Вардар  „13 ноември„ кај Холидеј Ин, целосно нефункционална, пренамената за гаснење цигари.
Фото/ Градска редакција: Чешма „Парк Чаир„ целосно нефункционална, личи на дворно корито за чешма но не и на јавна градска чешма.

Нашата редакција испрати и писмени прашања до ЈП „Водовод и канализација – Скопје, но досега не добивме никаков одговор.

Според информацијиите кои пред некое време ги објави Градска.мк Минатата година од јавното претпријатие информираа дека во градот има 240 чешмички, а годинава 200. Што се случило со другите, нема информација.

На територијата на град Скопје има околу 200 чешми за вода на јавни површини. Оние кои се на јавна површина со надлежност на Град Скопје се во функција и редовно се одржуваат, додека ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје донесе одлука за поставување водомери на чешмите што се во надлежност на општините, кои по поставувањето на водомерите, ќе бидат одржувани од нивна страна, додека оние што нема да бидат преземени од општините нема да бидат пуштени во работа – велат од претпријатието.

Н.Ш

камера и монтажа Ариан Мехмети

АКТУЕЛНО