Белгиските научници го подобрија вкусот на пивото со вештачка интелигенција

Белгиските пива одамна се познати по нивната разновидност, квалитет и традиција. Научниците сега користат вештачка интелигенција за да ги направат уште повкусни и поквалитетни, пишува Гардијан, објави Индекс.хр.

„Пивото, како и повеќето прехранбени производи, содржи стотици различни молекули на арома кои ги прима нашиот јазик и нос, а нашиот мозок потоа ги интегрира во една слика. Сепак, соединенијата комуницираат, така што начинот на кој го перципираме зависи и од концентрациите на другите. Користејќи различни збирки на податоци, тимот научници конструирал модели засновани на машинско учење, форма на вештачка интелигенција, за да предвиди каков вкус би имало и колку би се вреднувало пивото, врз основа на неговиот состав.

Тие потоа ги искористија резултатите за да го подобрат постојното комерцијално пиво, збогатувајќи го со супстанции кои моделите ги идентификуваа како важни предиктори за квалитетот, како што се млечна киселина и глицерол. Резултатите открија дека овие додатоци го подобрија рејтингот и за алкохолните и за безалкохолните пива низ сите метрики, вклучувајќи ја сладоста, квалитетот и вкупната вредност.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави