Со оглед на тоа дека главниот град Скопје го дели најславниот податок како едно од најзагадените градови во светот, граѓанин до Градска.мк испрати фотографија како тоа изгледа во раните утрински часови.
Според Мета, во Македонија годишно има 3.828 смртни случаи кои можат да се припишат на изложеноста на тековните концентрации на ПМ2.5 честички, што е 17.7 отсто од вкупната смртност во државата, наведено е во најновиот извештај насловен „Аерозагадувањето во Р.С. Македонија и ризици по здравјето“, кој го подготвила доц. д-р Мирјана Димовска, раководителка на одделението за безбедност на вода, санитација на животна средина и здравствена екотоксикологија, при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).