„Правината се танчи, ама не се кинит“ – нов мурал на објектот на Центарот за Култура „Марко Цепенков“ во Прилеп

„Правината се танчи, ама не се кинит“, цитатот од македонскиот културен деец, собирач на умотворби и фолклорист, Цепенков од денес ја краси предната фасада на Центарот за култура во Прилеп, кој го носи неговото име.

Визуелната уметница Ивана Самандова со ова дело кое е дел од нејзиниот проект „Јазикот коски нема, ама коски кршит“, на Факултетот за работи што не се учат е поддржана на конкурсот, „Цртај на македонски“.

Младите го препознаа нашиот повик и преку уметноста оддаваат почит кон личностите кои имаат непроценливо значење за македонскиот јазик, идентитет, култура и историја.

Изминатите три години со 5 милиони денари поддржавме над шеесет проекти со кои ги стимулираме уметниците да создаваат нови креативни форми на уметност.

Министерството за култура останува посветено кон младите автори за чие творештво секогаш имаме посебна почит и обврска да го прикажеме на публиката.

ФБ статус на Бисера Костадиновска Стојчевска

АКТУЕЛНО

Поврзани објави