Исчезнат е 34-годишниот Лазе Ристески од Прилеп

Лазе Ристески, лице со посебни потреби, го напушта домот вчера утрото во 06 часот и му се губи секаква трага објави Маркукуле.

Лазе е облечен во долни сини тренерки, во влечки и носи црвен ранец.

Живее на адреса “Никола Петров Русински” бр.40.

Неговото семејство и пријателите го бараат во изминатите 24 часа, но не можат да го пронајдат, и веќе ги имаат известено сите надлежни органи и полцијата.

Секој кој има било каква информација, да се јави на телефонскиот број: 077 791 460.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави