Исчистени 100 кубици отпад од диви депонии во Ѓорче Петров

Во текот на изминатите два дена, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ исчистија неколку диви депонии лоцирани во општина Ѓорче Петров.

Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани приближно 100 кубни метри претежно кабаст, градежен и мешан комунален отпад, при што се отстранети 60 метри кубни отпад од обемна дива депонија на улицата Црногорска во близина на автобуската постојка, како и 40 метри кубни отпад од неколку помали диви депонии лоцирани на улиците Македонска војска, Христо Батанџиев, Борис Сарафов, Никола Пушкаров и Лука Геров.

Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните правилно и совесно да го одлагаат својот отпад и на тој начин да придонесат кон заштитата на животната средина и јавното здравје.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави