ФОТО: МИА

Колку се движат платите на претседателите на државите од регионот? – Вучиќ најсиромашен

Платите на јавните функсионери продолжуваат да бидат предмет на дебата во јавноста со последните интервенции на Уставниот суд на земјата. Градска.мк направи споредба на платите на претседателите на државите од регионот, каде српскиот претседател зема најмала плата, а албанскиот најголема.

Иако неговата плата е зголемена за 12,5 отсто, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, сепак фигурира дека зема најниска плата од сите негови колеги во регионот, а таа изнесува 170.000 динари или 1.500 евра.

Но сепак најголема плата во регионот со последната одлука на Албанската владата, е на претседателот на Албанија Бајрам Бегај. Според одлуката донесена на седницата на советот на министри на албанската влада, платата на Бегај скокна за 170 илјади леки повеќе месечно. Со одлуката, платата на Бегај изнесува 425.000 леки (или 3825.56 евра), или зголемување за 60 отсто од платата. Со овие примања шефот на албанската држава се става во групата на најплатени државни лидери во регионот. Албанската владата вети и значителни зголемувања на платите во државната администрација, со цел да се зголеми нивото на просечната плата на 900 евра во рок од една година. Во моментов просечната плата во Албанија е 560 евра.

Од друга страна платите на функционерите во Северна Македонија, вклучително и на претседателот на државата, се пресметуваа така што основицата се множи по одреден коефициент во зависност од функцијата. Законот за плати на функционери предвидува основицата да биде просечната плата од претходната година, но со години беше замрзната на пониско ниво. Уставниот судот на 21 март одлучи да го укине замрзнувањето, по што нивните плати значително се зголемуваат.

Според пресметките зголемената плата на претседателот, по одлуката на Уставен суд, ќе изнесува 164.817 денари нето, или 2,668.93 евра.

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар има примања од 3.322 евра месечно. Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ за функцијата што ја извршува е платен 3.000 евра.

Досегашните членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ на своите позиции заработуваат по 2.922 евра месечно. Во однос на платата, веднаш зад нив е претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, чија плата е 2.420 евра. Додека косовската претседателка Вјоса Османи според Законот за плати во јавниот сектор, со кој коефициентот за функцијата претседател ќе биде 18, платата на шефот на косовската држава во 2023 година ќе биде 1.890 евра.

 

АКТУЕЛНО