Мицотакис или Пленковиќ – можни нови претседатели на Европската комисија

Претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен полека ја губи поддршката од конзервативната група на европски партии (ЕПП) за нов мандат на чело на ЕК и веројатно е дека ќе биде заменета или од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, од хрватскиот Премиерот Андреј Пленковиќ или, пак, од претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, велат извори во политичкиот врв на ЕУ за германски „Билд“.

Како што пишува весникот, и Пленковиќ и Мицотакис веќе изразиле интерес за понудата да бидат кандидати за наследничка на Урсула фон дер Лајен.

Изворите наведуваат дека Фон дер Лајен нема поддршка за нова кандидатура за функцијата претседател на ЕК дури и во рамките на нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ).

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави