Млад, бунтовен и енергичен – Зоран Стефановски со својот нов сингл ја електризира македонската сцена

Зоран Стефановски кој е по потекло од Кичево е еден извонреден рок музичар со слободен дух и свој хипно-рок калибар, кој ја наелектризира и воодушеви македонската публика со својот нов рок сингл ,,Fly Above”. Станува збор за негов нов, седми по ред, соло мулти-инструментален проект кој е мелодиски приказ на тапани, гитара и бас гитара, кои Стефановски сам ги компонира и свири.

Песната “Fly Above” е изработена од македонски талентирани музички и видео продуценти, и тоа за микс и мастерот на песната е задолжен музичкиот продуцент Христијан Ѓоргиевски, а сето тоа визуелно е преставено од Александар Вренцовски и Ненад Милошески. Музичкиот видео запис е снимен во еден поранешен, но веќе затворен кичевски ноќен клуб со име Енигма во кој, како што вели Стефановски, целото снимање се заврши во еден ден.

Зад Стефановски стојат уште шест официјални музички проекти, кои се објавени на неговиот авторски YouTube канал на кои е самиот комплетен автор и изведувач, а тие дела се насловени како: “The Beginning”, “Between Passion And Suffering”, “Empire Of Slaves”, “Butchered Hope”, “Wrath Of The Innocent” и “Hand Of Salvation And justice”.

Зоран е исто така член и на свои авторските бендови Melissa и Vehementor во кои е на позиција тапанар.

Останува да процените сами за убавината на неговата уметност во видеото подолу. Уживајте!

 

АКТУЕЛНО