фото/Градска редакција

Мостот „Око“ се распаѓа, мувлосан и ичкртан

Мостот „Око“ кој го поврзува кејот на Вардар со Државниот архив и Уставниот суд а на кај се поставени околу 30 статуи видно е оштетен, лупени фасади, исчезнати плочи на многуте статуи поставени на самиот мост. На останатите плочи им исчезнале натписите или па се ичкртани, па граѓаните и туристите не можат да прочитаат за која личност се работи.

Фото/Градска редакција
Фото/Градска редакција

Пред некое време од невремето во Скопје каде имаше и град искршена е и стаклото во средината на мостот, па затоа  Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, им порача на граѓаните да не газат по пукнатините коишто се појавиле на стаклата низ кои се оди на пешачкиот мост „Око“ на Вардар.

Фото/ЦУК

За злоупотреба при изградбата на овој мост, ОЈО во 2018 покрена постапка,  кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со чл.22 од Кривичниот законик“ Имено откако склучиле договорот во висина од 92.546.647,00 денари за јавна набавка на работи- изградба на пешачки мост од страна на Општина Центар како инвеститор од една и изведувачот на градежните работи од друга страна, склучен е и Анекс на договорот за јавна набавка со што вредноста на договорот се зголемила на износ од 119.197.783,00 денари.

Сличен но без око е мостот на уметноста — пешачки мост преку реката Вардар во центарот на Скопје. На него се поставени многу статуи на познати уметници. Сместен е помеѓу мостот „Слобода“ и мостот „Око“. Мостот е изграден во склоп на поголемиот проект „Скопје 2014„ и неговата изградба чини 2,3 милиони евра.

На мостот има вкупно 27 скулптури, по 13 на секоја страна и една во средината. Долг е 83 метри и широк 9,2 м, со тоа што средишниот дел се проширува до 12 м.

И двата моста се дел од проектот Скопје 2014.

Н.Ш

 

АКТУЕЛНО