Од успешна менаџерка во големи компании до „школувана“ пчеларка

По 12 години работа како менаџер на високи функции во корпоративни компании во Истанбул, Нурџан Текнеџи ја напуштила работата и со нејзиниот сопруг се преселила во село во турската област Дузџе. Трудот што претходно го вложувала во својот деловен живот додека живеела во метрополата, денес го вложува во производството на мед и производи на мед благодарение на своите пчели бројот на коишто скеојдневно расте, пишува Агенцијата Анадолу.

Текнеџи дипломирала на отсекот за латински јазик и книжевност на Факултетот за наука и литература на Универзитетот Мармара. По магистратурата на Експертизата за човечки ресурси, 12 години работела како виш менаџер за дистрибутерска куќа во Турција, чија компанија работи насекаде низ целиот свет.

35-годишната Текнеџи, со нејзиниот сопруг Локман Текнеџи, решиле да се преселат на село во местото Ѓољака откако им здодеал градскиот живот во периодот на пандемијата. Како резултат на нејзиното истражување, таа решила својот бизнис да го продолжи со производство во областа на пчеларството.

По обуката, Текнеџи ја започнала својата производствена авантура на земјиштето на Управата за стопанисување со шуми Ѓољака со 5 кошници за пчели што ги добила како грант од окружната Дирекција за земјоделие и шумарство. Бројот на кошници го зголемила на 65 благодарение на бескаматниот кредит за жени претприемачи што го овозможува Администрацијата за развој и поддршка на мали и средни претпријатија на Турција (КОСГЕБ).

Текнеџи, која го зголеми своето производство на мед и почнала да произведува пчелин восок, со цел посеопфатно да ја искористи владината поддршка и да ја продолжи својата кариера како школуван претприемач, во 2022 година се запишала на студии на Програмата за пчеларство на Одделот за растително и животинско производство на Универзитетот во Дузџе.

– „Преселувањето во село беше многу луда идеја“ –

Текнеџи за дописникот на АА изјави дека откако решиле да се преселат во селото, размислувале со какво производство би можеле да се занимаваат за да го дадат својот придонес, а идејата за пчеларство им изгледала соодветна.

Наведувајќи дека им било тешко да одлучат, Текнеџи рече: „Беше луда идеја да оставиме фиксни плати, работа и кариера и да се преселиме на село. Истражувавме, размислувајќи за сточарството и одгледувањето на говеда и овци, увидовме дека пчеларството е работа што најмногу ни одговара. Се населивме во селото, ги зедовме кошниците и почнавме да се занимаваме со пчеларство.“

Таа рече дека го полагала испитот и по положувањето влегла во програмата за пчеларство во 2022 година бидејќи сакала професионално да се занимава со пчеларство. Текнеџи рече дека е активен студент на Центарот за истражување, развој и примена на пчеларството во Дузџе и дека ќе го продолжи својот пат како пчелар по завршувањето на последниот семестар оваа година.

Истакнувајќи дека се многу среќни од производството на мед, Текнеџи рече:

„Ние произведуваме храна, произведуваме мед, произведуваме пчелни производи што можат да се јадат. Се разбира, се обидуваме да направиме нешто и со користење на методите наследени од нашите предци, но мојата главна цел е учејќи ја пчеларската програма, да се занимавам со пчеларството од новата генерација. Научивме како да произведуваме подобри, почисти, поздрави пчелни производи од сите видови, како што се мед, прополис, полен, перга (пчелен леб) по научни и точни методи.“

Посочувајќи дека покрај мед произведуваат и пчелин восок во работилницата што ја основале, Текнеџи рече: „Ако не сте пчелар хобист и сакате да го издржувате вашето семејство, тогаш не е доволно да останете само со мед. Поради таа причина почнавме да произведуваме пчелин восок во 2022 година. Сезоната на мед е од мај до септември. Од септември до септември е сезона на восок.“

Текнеџи додаде дека на оние кои сакаат да имаат корист од проектот „Стручни раце“ на Министерството за земјоделство и шумарство на Турција потребна им е стручна диплома за да се добие поголема државна поддршка.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави