Музеј на град Скопје

Ристиќева палата и нејзиното историско значење за Скопје

Ристиќева палата во Скопје носи со себе длабоки историски корени и впечатлив архитектурен шарм. Но, она што ја прави уште посебна е нејзиниот лифт, која спаѓа во една од најстарите на Балканот.

Во 1929 година, во зградата на аптекарот Владислав Ристиќ, позната меѓу скопјани како „Ристиќева палата“, бил поставен најстариот лифт монтиран во Скопје, кој е и еден од првите лифтови донесени на Балканот.

Велат дека вакви лифтови има само две. Еден во Ристиќева палата, а другиот во една катедрала во Задар, Хрватска.

Музеј на град Скопје

Ристиќева палата

Во дваесетите години на 20 век, под влијание на современата западна архитектура, градот Скопје почнал да добива белег на модерен град. Се граделе станбени објекти, обично индивидуални згради. Поголемиот од нив ги викале палати.

Во 1926 година, според проектите на архитект Драгутин Маслач, изградена  е палатата на аптекарот Владислав Ристиќ, познат како „Ристиќева палата“.

Палатата е еден од најубавите објекти во центарот на градот, со деловни простории во приземјето и станови на катовите. Скулптурите над покривот се изработени од Данило Станкович.

Лифт што не е само лифт….

Од Музеј на град Скопје во одговор за Градска.мк велат дека тој како музејски експонат има две значајни димензии: историска и етнолошка, со што има особено значање за историјата на градот Скопје од првата половина на 20 век, кога Градот, под влијание на академизмот во архитектурата, го менува својот лик и добива белег на модерен европски град.

Овој редок експонат, истакнуваат од Музеј од град Скопје, овозможува да видите во внатрешноста на Палатата изградена во 1926 година, во која е сместена уште едена скопска приказна за една од ретките згради кои што неоштетени го преживеале катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година.

Музеј на град Скопје
Музеј на град Скопје

Првиот лифт на Балканот

Во Палатата на аптекарот Ристиќ, бил поставен лифт кој е првиот електричен лифт во Скопје и еден од првите лифтови донесени на Балканот. Лифтот е од марката СТИГЛЕР, изработен од борово дрво, облаородено со фурир и лајсни изработени од ореово дрво. Премачкан со махагонов и ореов премаз во комбинација со лак. Носивоста на лифтот е 320 кг ( за 4 лица). Во Палатата, бил во функција до март 2011 година, кога со одлука на станарите на Ристиќевата палата лифтот е подарен на Музејот на град Скопје.

Назми Абдурахмани

Извор: Музеј на град Скопје

 

 

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави