Шекеринска: Европјаните се сериозни за проширувањето, да не го загубиме ние здивот

„Има фрустрација и само 40 отсто до граѓаните сметаат дека ЕУ реални ни нуди членство. Луѓето не се анти-ЕУ, сакаат да се дел од ЕУ, проблемот е што мислат дека тоа е нереално. Но сега е навистина можеби првата ситуација по подолго време кога европјаните се посериозни, а ние изгубивме здив“ рече потпретседателката на Партијата на европски социјалисти, Радмила Шекеринска на поткастот „Европски стандарди, популизам и избори“ со вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Таа додаде дека ситуацијата е поинаква во Молдавија и Украина, каде што властите и народот е многу поенергетичен за членството во ЕУ и користење на моментот.

Со неа се согласи и вицепремиерот Маричиќ кој додаде дека самото тоа што 2030 година беше истканата како година за членство од Шарл Мишел може да биде искористено како шанса и притисок врз европските институции и држави.

„Во петок ќе дојде молдавската министерка за европски прашања. Ако не го вратиме нашиот ентузијазам, треба да го искористиме нивниот за да влеземе во тој колосек, бидејќи штетата ќе биде наша ако не успееме. Не е нереално Молдавија да влезе пред нас во ЕУ ако ние загубиме 4-5-10 години“ рече Маричиќ.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави