Случајот со Вања и убиството на сопругата во Приштина психолозите и социолозите ги сметат за екстремно ментално растројство

Секогаш кога има убиства, особено кога жртвите се деца и жени, се предизвикува општествена траума.

Тоа е заклучокот кој за Градска.мк го споделија експертите кои ги консултиравме за убиството на 14-годишната Вања во Скопје и Лиридона во Приштина, која беше убиена пред очите на децата по завера каде што како мастемајнд е нејзиниот сопруг. И двата случаи се случиле како последица на користољубие или материјална корист.

Длабока криза на вредностите

Социологот Резак Јакупи рече дека двата случаи се многу сериозни и мора да се расветлат и казнат сторителите, за да можат општествата на двете земји да закрепнат по овие трауми.

„Ова е случај кој треба да се осуди без разлика како и да се случил, секој како родител тоа го чувствува. Ова е грд случај и покажува до каде може да оди крајноста на некои лица, за да убиеш едно 14 годишно дете за материјални цели исто е случајот во Косово со убиство на сопруга пред очите на децата. Сите овие случаеви влијаат негативно во општеството, рече Јакупи.

Али Пајазити, универзитетски професор и социолог, за Градска.мк истака дека овие настани зборуваат за длабоката криза на вредностите што ги доживуваме, за мочуриштето, моралното блато во кој се наоѓаме како вид, како човештво и дека одиме кон колективна бездна.

„Овој феномен, значи егзекуција за пари, може да го наречеме зомбификација или манкуртизација; како што е познато.Манкуртите не препознаваат име, семејство,  па дури ни себеси како човечки суштества, додава тој.

Пајазити вели дека вложувањето во културализам и етиката е кључно за креирање здраво и одговорно општество. Но, вели тој, не е проблем кој може да се поправи со некоја делумна интервенција на одредени стручни лица.

„Се работи за торнадо на кое е тешко да му излеземе на пат. Треба повеќе да се инвестира во културализам, вредностите и етиката, на децата треба да им се даде дух, душа пред да им дадеме пари и материјални добра, за во иднина да станат луѓе во целосна смисла на зборот“.

Варварско организирање против една малолетничка..

За психологот Арбер Кадриу овие постапки на лица како во за случајот во Приштина, но и во Скопје ги надминуваат делата и на манијакот, што според него е екстремно ментално растројство.

„Се работи за психоманија на лицата кои со варварско организирање против една малолетничка навистина е за жал и не е човечко, уште полошо е кога разбираме дека ова се случува и од родители со цел профитирање на одредени финансиски средства. Од ова разбираме дека се работи за екстремно ментално растројство на овие лица кои го надминуваат фазата на манијакот без разлика дали ќе се повреди некој, или во конкретниот случај убиство на дете„ рече Кадриу за Градска редакција.

Тој рече дека психопатијата е растројство на личноста кое се карактеризира со манипулативно однесување, недостаток на емпатија и склоност кон измама. Способноста да се препознаат овие особини е од клучно значење бидејќи психопатите можат да бидат шармантни, харизматични и многу вешти да го сокријат своето вистинско јас.

Граѓаните се згрозени но не мислат дека е небезбедно во земјава

По последните случување во главниот град граѓаните се во шок и не верување, но сепак сметат дека ова е изолиран случај и веруваат во системот и не мислат дека е нарушена нивната и безбедноста на нивните најблиски.

Љупчо Палевски – Палчо е првоосомничен за грабнување и за убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Тој е уапсен во Турција, каде што од Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Баликесир, му е определен екстрадициски притвор во траење од 40 дена.

Палевски – Палчо е осомничен за убиство и грабнување. Влатко Кешишов, Велибор Маневски и Боре Видевски се осомничени за грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие), додека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски се сомничи дека им помогнал при извршување на кривичното дело – грабнување на малолетно лице.

Н.Ш

 

 

 

АКТУЕЛНО