Search
Search
Фото/Градска редакција

Анкета на Градска: Граѓаните згрозени од монструозно убиство на Вања, но не мислат дека е небезбедно во земјава

По последното случување во главниот град, каде по киднапирањето беше убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска, граѓаните во шок и не верување како ова може да се случи во нашето општество. Градска редакција ги анкетираше граѓаните кои се вознемирени и потресени од монструозниот начин на киднапирање и убивање на дете, не посакуваат на никој вакво нешто да и се случи. Сепак тие веруваат во системот и не мислат дека е нарушена нивната и безбедноста на нивните најблиски, сметат дека ова е изолиран случај.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на двете прес-конференции истакна дека ова е изолиран, инцидентен случај кој имал организатори и имал крајна цел – да изнудат пари.

„Ова нема врска со јавната безбедност, генерално“, рече Спасовски.

Претходно по приведувањето на киднаперите и убијците на Вања, Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска смирува велејќи дека децата се безбедни и дека не треба да преовладува паника кај граѓаните.

Н.Ш

 

АКТУЕЛНО