Чупеска: По хуманитарниот колапс треба да следи решение меѓу Израел и Палестина

Во светот во моментот има многу повеќе кризни жаришта. Покрај овие, има околу 30-тина активни конфликти од кои еден поголем број во Африка.

Но, сепак, нашето внимание најмногу го окупираат посочените конфликти во вашето прашање од повеќе причини.
Прво, воената агресија на Русија врз Украина директно го предизвика НАТО – чија држава членка сме и ние. Второ, српско-косовскиот конфликт е во наша најнепосредна околина и на директен начин може да не засегне особено имајќи го предвид фактот за отворена можност за прелевање (spill over), ако го земеме предвид полтичко-безбедносниот контекст и неодамнешната историја на конфликти овде, на овие наши простори.

Од друга страна конфликтот меѓу Израел и Палестина е перзистентен декади наназад, иако од 1973 година до денес вакво интензивно динамизирање на овој конфликт не беше забележано.

Една трошка надеж после во овој хуманитарен колапс, мислам дека ќе мора уследи ако се отвори можноста за конечно решение со две засебни држави.
Карактеристично за сите три наведени конфликти е тоа што сите имаат прво, територијална страна/аспект, второ, во сите три конфликти и индeтитетската варијабла е високо мобилизрачка и трето, сите 3 конфликти покажуваат капацитет за интернационализација, токму заради нивната геостратешка предиспонираност.
Сакам да кажам, овие специфики нѐ прават сите особено алертни, затоа што, како што сведочиме, ефектуираат последици и спрема други субјекти – кои реално не се дирекно инволвирани во конфликтот.
Посебно, аспектот за конфликтно инфицирање на цели региони е вивиден во овие конфликти и затоа мора многу внимателно да се делува во меѓунородното општење.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави