ФОТО: Мостот на булевар АСНОМ стои нечепнат, Арсовска не кажува што ќе прави

Тишина, заборавена папуча и ретки случајни минувачи, ова е сликата што секојдневно се гледа на мостот на булевар АСНОМ кој се уште не е довршен.

   

Започнат и повеќе од половината од проектот завршен во времето на градоначалникот Петре Шилегов, овој мост требаше да го олесни поврзувањето меѓу општините Аеродром и Гази Баба, но до денеска тој се уште е надвор од употреба.

Актуелната градоначалничка Данела Арсовска првично велеше дека мостот ќе служи само за фаќање риба, потоа се премисли и реши да ја продолжи неговата изградба но очигледно повторно се предомислила.

24инфо утрово испрати прашања до Арсовска до каде е експропријацијата за околните куќи и дали и кога ќе продолжи, но до овој момент се уште нема одговор.

Истовремено, и мостот на улица Беласица веќе неколку месеци е надвор од употреба, поради несанирани штети од пожарот, па сега луѓето кои патуваат на релација Аеродорм – Гази Баба и обратно имаат сериозни проблеми во секојдневното функционирање.

Извор: 24Инфо

АКТУЕЛНО