Почнува проектот „Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност, заштита на човекова околина и смарт табли за едукација на деца“

Општина Центар, заедно со Центарот за развој на Скопски плански регион започнуваат со реализација на проектот „Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност, заштита на човекова околина и смарт табли за едукација на деца“.

Во проектот што ќе се реализира преку Бирото за рамномерен регионален развој учествуваат и општините Чучер Сандево и Чаир.

Општина Центар како лидер во проектите за енергетска независност ќе дава стручна помош, ќе координира и ќе ги контролира активностите при реализација на целиот проект.

-Според договорот две наши основни училишта ќе добијат фотоволтаични системи, смарт табли, ЛЦД проектори и друга пропратна опрема – соопштија од Општина Центар.

АКТУЕЛНО