ВМРО ДПМНЕ во Карпош не дозволува изгласување на ДУП, а во Ѓорче итно донесен ДУП за 26-катница

Ретко кога Совет на било која општина закажува седница во сабота, освен ако не се работи за итна, вонредна седница. Советот на Општина Ѓорче Петров очигледно го смета за итно донесувањето на деталниот урбанистички план со кој се предвидува изградба на зграда со висина од 65 метри, односно согласно прописите за градба тоа би била 26-катница.

Зградата треба да се наоѓа во близина на кружниот тек на булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Ацо Шопов“.

Додека во Ѓорче Петров крајно шверцерски не носи ДУП за изградба на 26-катница висока 65 метри, советниците од истата партија во Карпош спречуваат носење на било каков ДУП, дури и за плановите кадешто се предвидени само куќи, без ниту една зграда. Во Карпош со сите сили се спречува изградба на 17-катница, додека во Ѓорче шверцерски, без јавен пренос на седницата и без претходна најава, во сабота наутро се протуркува план за зграда од 26 ката!

Извор 24 Инфо

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави