фото/интернет

Дискриминација, корупција, булинг – Дали сѐ започнува кога децата ќе тргнат во градинка и училиште?

Вознемирувачки разговори на родители чии деца го следат воспитно-образовниот процес од градинките до основните училишта во нашата земја. Иако според закон образованието е бесплатно, родителите се жалат дека подароците и бакшишот што им се даваат на наставниците одат и до 200 евра.

Во неформалните разговори на родителите се вели дека станува тренд наставниците и воспитувачките да добиваат подароци од родителите.

Какви подароци добиваат наставниците и воспитувачките?

  • Родителите чии деца престојуваат во градинки постојано ги наградуваат воспитувачките со подароци почнувајќи од цвеќиња, пликови од 1.000 до 3.000 денари за празникот 8-март, па се до банкарски ваучери со вредност до 12.000. денари. (информации од родителски муабети)

    Фото/Интернет

Иста е состојбата и во основните училишта каде наставниците без проблем прифаќаат подароци од родителите, дури во некои паралелки се создадени буџети кои се користат за набавка на училиштен материјал.

фото/Интернет

Зошто оваа состојба може да прерасне во насилство?

  • Познато е дека во Северна Македонија живеат семејства од различни социјални категории, а не секој може да дозволи да издвојува средства од семејниот буџет за подароците на воспитувачите и наставниците.

Родителскиот подарок за овие воспитувачи некако ги обврзува посебно да се грижат за детето чиј родител дава повеќе?!

  • Во овој случај, самиот наставник е должен да ги оценува оние ученици со оценки кои не ги ни заслужуваат, да биде повнимателен и понагласен кон ученикот чиј родител е најдарежлив.

    фото/интернет

Различни закони во РСМ ги спречуваат и забрануваат овие појави во различни форми.

Според Законот за основно образование, дискриминацијата по социјална основа е забранета. Од друга страна, според Законот за дискриминација и унапредување на еднаквоста, се забранува секаков вид директна и индиректна дискриминација.

Во меѓувреме, Законот за вработени во јавниот сектор забранува примање подароци со високи цифри над 3000 денари годишно, доколку има повеќе, Закон за антикорупција предвидува истите да му се вратат на работодавачот и да се напише записник.

Цитирани закони:

Закон за онсовно образование во делот за Заштита од дискриминација и промоција на еднаквоста  во Член 5 (1) од овој закон се вели:

-Во основното воспитание и образование се забранува секоја директна или индиректна дискриминација, повикување и поттикнување на дискриминација и помагање во дискриминаторско постапување по основ на пол, раса, боја на кожа, национално или етничко потекло, попреченост, род, сексуална ориентација, родов идентитет, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, други видови уверувања, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба и општествен статус или која било друга основа која е предвидена со закон или со меѓународен договор ратификуван согласно со Уставот на Република Северна Македонија во остварување на правата од основното образование- (Закон)

Законот за вработените во јавниот сектор

Според член 39 од овој закон, вработените во јавниот сектор не смеат да примаат подароци поврзани со нивната работа со исклучок на протоколарни и повремени подароци од пониска вредност. Подароци што не ја надминуваат вредноста од 1.000 денари, или подароци добиени од иста личност чијашто вкупна вредност не надминува 3.000 денари во дадена година, се сметаат за подароци од пониска вредност.

Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси

И во Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси во делот Забрана за примања на подароци во член 79 алинеа 4 се вели:

Доколку Државната комисија оцени дека службено лице има добиено подарок кој влијае или може да влијае врз објективното и непристрасно вршење на функциите, јавните овластувања или службени должности за тоа ги известува надлежните органи, а подароците стануваат сопственост на Република Македонија или на единицата на локалната заедница.

 

Автор:Н.Ш

АКТУЕЛНО