Фото/Градска редакција

Кој профитира од паркингот кај поликлиника „Бит-пазар”? Арсовска не била надлежна да ги извади рампите

Иако има пријави и инспекциските служби на градот Скопје излегле на терен,  паркинг просторите кај поликлиника „Бит-пазар„ во Скопје се уште не се ослободени.

Фото Градска редакција

Според градоначалничката на градот Скопје Данела Арсовска по пријава на граѓани, службите излегле на терен и на три места е утврдено дека безправно и со никаква дозвола се користат јавни простории кај поликлиниката „Бит-пазар„ каде со наплата на паркинг профитираат одредени лица.

Фото/Град Скопје

„Местото за користење не е дадено од градот Скопје, нема никаква дозвола таму за стопанисување, излезени се нашите инспекциски служби на терен, утврдени со записници дека на три или четири места има бесправно и без  дозвола користење на местото, истите се санкционирани со тоа што понатаму треба да постапи општина Чаир за да бидат отстранети рампите„ рече за Градска редакција градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Нашата редакција контактираше и со директорот на поликлиниката „Бит пазар„  Виктор Исијановски за да утврди дали се ослободени тие простотии и граѓаните односно пациентите го користат паркинг местото без  некој да им одземе пари.

Фото/МИА

„ Не, не е ослободен паркингот кај поликлиниката, граѓаните и пациентите продолжуваат да наплаќаат за паркирање„ вели за Градска редакција Виктор Исијановски директор на поликлиниката „Бита Пазар„

Пред некое време баравме писмен одговор и од градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу да ни каже каков статус има паркингот кај Поликлиниката и дали е во сознание од кого е користен и кој му дозволи да го користи, досега не добивме никаков одговор.

Инаку Градска редакција на 23 мај алармираше дека 15 години двата паркинзи во задниот дел на Поликлиниката „Бит-пазар„ се целосно узурпирани од непознати лица, на диво ставени се рампи и граѓаните и пациентите за еден саат паркирање плаќаат 50 денари и така масовната узурпација на јавни површини во општина Чаир па и во територијата на Градот Скопје не запира. Граѓаните се рентаат, а поединци сигурно јаки  во некоја политичка партија профитираат.

Градска редакција ќе продолжи да го следи и да реагира додека не се преземат конкретни мерки…

Н.Ш

 

 

АКТУЕЛНО