Шутаров: ДПМНЕ го уништи ЈСП „Скопје“, единствен спас за јавниот превоз е реализација на проектот БРТ

За две години локалната власт на ДПМНЕ во Град Скопје буквално го уништи јавниот градски превоз и создаде хаос во јавниот транспорт. Се случи и за првпат во историјата Скопје да остане без јавен превоз. ДПМНЕ го уништи јавното претпријатие, а две години само за политички хирови го блокираше проектот за нов еколошки брз автобуски превоз, вели Гордан Шутаров, советник од СДСМ во Советот на Град Скопје во изјава за медиумите.

Тој додаде дека ЈСП се дави во долгови, не може да се подели плата, а советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои се мнозинство во Советот, не ја поддржаа одлуката за субвенционирање на ЈСП на вчерашната седница, затоа што, како што кажа, политичките интереси на ДПМНЕ секогаш се пред интересите на граѓаните

Според него, СДСМ иако е опозицијата во Советот секогаш го штити интересот на скопјани, па заедно со останатите советници од коалицијата и други одговорни советници, успеале да го спасат ЈСП од нови блокади. Со доделените субвенции како што нагласи советникот, возачите во ЈСП ќе може да земат плата, да се сервисираат долгови, а тоа во овој момент е најважно за граѓаните да имаат каков таков јавен превоз.

ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БРТ немаше денеска да зборуваме за дополнително субвенционирање, за катаклизми и хаос во јавниот транспорт. БРТ е спас за јавниот превоз во Скопје. Затоа единствено решение е целосна и брза реализација на проектот за нов концепт на јавен превоз во Скопје за што се обезбедени средства од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој – нагласи Шутаров.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави