Зелено светло за субвенционирање на ЈСП, само ВМРО-ДПМНЕ и Левица гласаа против

Со 24 гласа ЗА донесена е Одлуката за давање на субвенции на ЈСП Скопје за 2023 година во вредност од 110 милиони денари. Ова одлука беше единствената точка на вонредната седница на Град Скопје. Со ова одлука парите утре  ќе им бидат префрлени и вработените во јавниот превоз ќе добијат плата.

За одлуката не гласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Ова одлука не се изгласало на две  претходни редовни седници. Во претходната расправа некои советници во своите дискусии искажаа сериозни забелешки за работата на претпријатието и однесувањето на неговиот директор .

Тоа што во еден месец трипати овој проблем се става пред советниците, говори дека состојбата на ЈСП „Скопје“ воопшто не е толку добра како што раководството, па и Град Скопје, се обидува да ја претстави пред јавноста.

ЈСП „Скопје“ со години опстојува со помош на субвенции од Градот,

Н.Ш

АКТУЕЛНО