„Градоначалничке, зошто ученичките во средните училишта не добиваат бесплатни производи?“ – Герила акција пред Град Скопје

Балканска Водна Мрежа во соработка во Здружение на Новинари за човекови права во пресрет на 28 Мај – Светскиот ден на менструалната хигиена, а во склоп на проектот „Борбата против менструалната сиромаштија – неостварено изборно ветување” во чии рамки врши мониторинг на ветувањето на град Скопје за бесплатна поделба на производи за управување со менструалното здравје, повикува на герила акција пред просториите на Град Скопје, заеднички да ја прашаат градоначалничката:

-Зошто ученичките во средните училишта втора година по ред не добиваат бесплатни менструални производи, се вели во соопштението на Балканска Водна Мрежа.

Само колку за потсетување, велат оттаму, оваа одлука беше донесена по предложен амандман на советничката Теодора Крстевска во буџетот на Град Скопје за 2022 на 30 декември 2021.

Тие повикуваат во градски парк, наспроти официјалниот влез во Град Скопје, денес во 12 часот да побараат одговор за транспарентснота и отчетноста на  изборните ветувања!!!

-Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот, се вели во соопштението.

АКТУЕЛНО