Кој е одговорен за старите и расипани возила паркирани по тротоарите и улиците низ цело Скопје?

Скопските улици и паркинзи се полни со хаварисани коли, кои со години стојат неподвижни и го попречуваат движењето на луѓето во јавни простории како  тротоари и улици, а некои исто така зафаќаат места за паркирање на други исправни коли, имајќи предвид дека во Скопје се помалку има места за паркирање.

Фото/Градска редакција

Ова година скопските општини покренаа активности за нивно отстранување со претходно предупредување на сопствениците првично сами да ги отстранат, во спротивно ќе ги отстранува општината.  Но општините се сочувале со проблеми и не добиле поддршка од Град Скопје кои не им најде  место кај да се носат собраните коли. Случај беше Општина Карпош кои во март оваа година имале акција за собирање на хаварисани коли, од Град Скопје им беше кажано  дека општината сама треба да се погрижи за локацијата каде ќе завршат собраните возила.

Фото/Градска редакција

Моментално во Град Скопје не се знае колку ги има во број хаварисаните коли кои стојат со години во паркинг места, или пак на тротоари или други јавни површини. Градска редакција успеа да слика десетина коли во Општина Чаир  кои со години стојат на истите места.

Од Општина Чаир за Градска редакција велат дека постојано спроведуваат акции за собирање на стари возила кои стојат на јавни површини, но се повторува истата слика со поминување на времето. Според нив последната акција беше спроведена во мај 2021 година.

Фото/Градска редакција

Општина Центар пред две години спроведе успешна акција за собирање на хаварисаните возила. Тие бесплатно беа однесени во депото на фирмата „Васкони скрап“ каде што беа исечени и продавани како старо железо, за што сопствениците добија надоместок од фирмата согласно нивниот ценовник за откуп на отпад од хаварисани возила.

Градска редакција

Град Скопје во септември 2020 година донесе одлука за масовно отстранување на хаварисани и нерегистрирани возила од јавните површини на територијата на главниот град.

Тогашниот градоначалник Петре Шилегов имаше план во населбата Драчево да направи депонија за метал, отпад на Град Скопје.

Во предлогот стоеше дека Градот се согласува „пајаците“ на ЈП „Градски паркинг“ да се користат за отстранување на напуштените возила во сите општини, освен во Центар каде што оваа услуга би ја извршувала ЈП ПОЦ. Притоа се предлагаше возилата што ќе бидат отстранети од јавните површини да бидат времено депонирани на одредена локација во Драчево.

Сепак, оваа одлука не беше поддржана на седницата на Советот на Град Скопје, односно за неа не гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“.

Општините се со „врзани раце“ затоа што законите не им овозможуваат целосна ингеренција за да можат да интервенираат, но проблем е и фактот дека во Скопје нема соодветна локација каде што можат да се носат ваквите автомобили. Општините не можат да сторат ништо освен да ги предупредат сопствениците да ги тргнат автомобилите од јавните површини.

Н.Ш

 

 

АКТУЕЛНО