Колку ленти треба да има улицата со бетонски ѕид во Чаир за да нема гужва?

Советот на Град Скопје по втор пат ќе се обиде да донесе одлука за соработка помеѓу Град Скопје и Општина Чаир каде се предвидени 140 милиони денари за изработка на проектот за проширување на улицата „Цветан Димов„, улицата со бетонски ѕид, кај местото Чаирчанка во Чаир, улица која секој ден во било кое време има метеж и нервозни граѓани кои чекаат во колони.

Ова улица има по две коловозни ленти во двете насоки, но бидејќи е главна артерија во тој дел на градот се создаваат големи гужви и понекогаш граѓаните и по цел час патуваат до дома. Исто така дополнителен проблем се и несовесните граѓани кои паркираат на страна.

Дека ќе се прошири улицата кај Чаирчанка на неколку наврати информираше и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу.

Истата иницијатива не беше усвоена на 24 април од страна на советот на Град Скопје.

Од друга страна алармираат невладините организации. Од „Зелен Хуман Град„ со писмо до градските власти и советниците кои барат по секоја цена да се заштити отстранувањето на  повеќедецениското зеленило на улицата Цветан Димов.

Барам од вас да не гласате за одлуката за изградба на ул. Цветан Димов сѐ додека јавно не се објави урбанистичкиот проект за изведба на улицата за да може целата јавност да се увери дека повеќедецениското зеленило нема да се уништи, дека ќе има соодветна вело инфраструктура, соодветни тротоари за пешаци и дека коловозните ленти нема да бидат пошироки од 3 метри„ се вели во писмото на „Зелен Хуман Град„

Според нив обврска и должност на советниците како народни избраници е да го штитат здравјето и благосостојбата на жителите на Скопје, а тоа значи по секоја цена да  се спречи масакр на здраво повеќедецениско зеленило какво што сѐ помалку имаме во нашиот град.

Н.Ш

АКТУЕЛНО