Наумов и Давидовски од Штрих: Немаме дом за нашите претстави, со МКЦ претходно имавме добра соработка, сега немаме

„МКЦ ни ги отвори вратите за претставата ‘Вистинскиот запад’ кога ја спремавме, не оставија три месеци во Денсинг сала работевме без проблем. Потоа стана малку голема гужва во МКЦ, па и сега што се случува, па се тргнавме од таму. Повеќе наидуваме на затворени врати, отколку на отворени“ рече актерот Томислав Давидовски од независниот театар „Штрих“ во утринската програма на Слободен печат.

Тој, заедно со неговиот колега Марјан Наумов објаснија дека претставата „Вистинскиот запад“ ја направиле без здружение, како физичко лице, по што се формирала екипата за „Штрих“.

„Генералниот проблем што мислевме дека со тек на време ќе се решава, е дом за претставата. Ние на почетокот, кога почнавме со ‘Вистинскиот запад’ во МКЦ имавме подобра соработка и поголем простор за правење претстава, отколку сега. Сега наидуваме на позатворени врати и потешко е претставата да живее. Како гости сме цело време“ рече Наумов.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави