По втор пат за три дена е запален службен автомобил на функционер од затворот во Идризово, овој пат на заменик-директорот Феми Јонузи.
Инцидентот се случул во текот на изминатата ноќ, известува Клан Македонија од местото на настанот.
Пред неколку дена на командирот на затворот Идризова му изгоре автомобилот пред станот. Африм Реџепи ова го оцени како напад врз државата. Тој нагласи дека имал проблеми со некои од затворениците, само затоа што го почитувал законот и дека чесно си ја завршил работата.
Како што дознава КланМ, автомобилот кој вечерва изгоре е службен автомобил што го користел заменик директорот Јонузи