Фото/Градска редакција

Поради отсуството на Арсовска прекинато и Советнички прашања и редовната седница на советот во Град Скопје

И денеска без градоначалничката Данела Арсовска првично  почна седницата на советот на Град Скопје за советнички прашања и редовната седница со неколку точки на дневен ред меѓу која и точката за предавањето на Универзална сала од Градот Скопје на Министерството за култура.

Веднаш штом почна седницата за советнички прашања претседателот на советот, Трајко Славески даде пауза, по процедуралното барање на советничката Марија Андоновска .

„Не е присутна во салата не знам по кој пат, Арсовска не одговара на прашањата на граѓаните. Како планира да го направи овој град и да ги исполни своите граѓани кога не е подготвена да одговори прашањата и проблемите на граѓаните? Дали таа мисли да го заврши мандатот со избегнување? Бараме  да дадете пауза и да ја повикате Арсовска да дојде овде каде и е местото , не добиваме одговори, транспарентност  нула, овој совет е  блокиран„  рече советничката Марија Андоновска .

Александар Трајановски, советник  од редовите на Арсовска ја бранеше градоначалничка за неприсуството, тој рече дека Арсовска е на терен со граѓани и промовирање на проекти.

Од советничката група на СДСМ за Градска.мк информираат дека ова нема смисла, да се одржи седница на Советот без присуство на градоначалничката. Тие рекоа дека  и да не се прекинуваа седниците тие ќе ја напуштеа  салата. Според нив претседателот Трајко Славевски е должен да обезбеди присуство на градоначалничката.

Н.Ш

АКТУЕЛНО