Фото/ Државен испитен центар

Државен испитен центар продолжува со генерален штрајк

Државен испитен центар влегуваат во вториот ден на штрајк, бараат да им се покачуваат платите за 30 проценти. Претседателката на Синдикалната организација на Државен испитен центар Емилија Бошковска во денешната Прес-конференција вели дека вчера одржале штрајк со пола работно време, но од денес ќе влегуваат во Генерален штрајк.

„Нашите плати едноставно беа заборавени, со покачувањето на минималната плата се покачија само платите на оние кои зимале пониска плата и веќе дојдовме во ситуација да се изедначат платите на 11 лица од 29 вработени односно од службата за обезбедување до советник, кои речиси се изедначија„ – вели Бошковска.

Според неа до сега не добиле никаков одговор од ниедна институција иако пратиле барање до Министерството за финансии.

„ Се обидовме да се обратиме со барање до Министерство за финансии, направивме измена на Колективниот договор, измената ја направивме во делот каде што недостасуваше минималната плата, и се уште немаме добиен одговор за согласност„

Таа се надева дека во најскоро време ќе добијат позитивен одговор од Министерството. Според неа штрајкот ќе продолжи и сите надлежности кои се под Државен испитен центар ќе бидат стопирани.

АКТУЕЛНО